Банкрот за фармерите во оваа земја поради суша
Објавено во: Свет 22 Август, 2018
Фармерите во Данска можат да банкротираат оваа година поради сушата.
Данска како и многу други европски земји се соочува со многу топло и суво време.
Се очекува дека сушата и ниските цени на свинското месо ќе нанесат штети како во 2008 година, кога имаше светска криза.
Штетите се проценуваат на 1.23 милијарди долари.
Житарици ќе имаат за 40% помалку од претходните години.
Од 2014 година Данска трпи штети затоа што не можат да извезуваат во Русија.
Во јуни 20 земјоделски компании прогласија банкрот и тоа е двојно повеќе од лани.
Од почетокот на годината банкрот прогласиле 100 вакви компании, а лани за цела година банкрот имаше кај 130 компании.