14 Мај, 2024
0.0261

БАРАЊЕ РАБОТА: 5 нешта кои треба веднаш да ги направите за полесно да се вработите

Објавено во: Економија, Стил 22 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Доколку долго време барате работа, но не сте оствариле никакви резултати време е нешто да промените. Овие неколку работи треба веднаш да ги направите за да ги зголемите шансите за вработување.

Зголемете ја својата вредност

Вашето образование не завршува во моментот кога ќе завршите факултет или средно школо. Напротив, тоа само што почнало. Наместо да залудно да „тепате време" додека сте без работа бидете активни и надоградувајте се себе си. Читајте книги, списанија и огласи. Посетувајте семинари и саеми поврзани со вашата област во која сте учеле и во која сакате да работите.

Средете го вашиот Фејсбук профил

Уредете го вашиот Фејсбук профил за да зборува најдобро за вас. Внимавајте на вашата профил слика, но и останатите фотографии што ги споделувате. Секогаш размислувајте што би рекол идниот работодавач за вашите слики на профилот.

Не лајкувате се што ќе стигнете - Ја знаете онаа изрека - ако сакате да запознаете некого видете што има лајкувано на социјалните мрежи. Затоа внимавајте да не лајкувате страници со недолична содржина, насилство или говор на одмазда. Лајкувајте нешто што е едукативно и корисно, и секако страницата на вашиот потенцијален работодавец.

Обавезно направете LinkedIn профил

LinkedIn е друштвена мрежа наменета исклучиво за деловна примена, некоја врста на интернет CV. Профилот се прави лесно и едноставно, како и на останатите друштвени мрежи. Сите правила што ги напоменавме за Фејсбук профилот, важат и за оваа мрежа. Сите ваши податоци треба да се точни и релевантни.

Направете свој блог

Имате вештини и знаење за работата на која аплицирате, но вашиот работодавец не го знае тоа. За да се истакните од останатите кандидати направете свој блог. Таму може да пишувате за вашите вештини и знаења, ваши коментари за индустријата во која работите, совети, предлози, критики...Едноставно пишувајте се што знаете и не се оптоварувајте со ситници.

Не чекајте оглас за работа

Ако сакате да се вработите не мора да аплицирате само кога ќе видете оглас за работа. Вие може да ја претекнете компанијата и пред време да се понудите. Тоа направете го многу брзо и лесно:

-Направете список од компании и позиции кои сакате да ги работите

-Пронајдете контакт од луѓето што се одговорни за вработување

-Пратете им CV и мотивационо писмо и обавезно нагласете ја позицијата за која се кандидирате.

-Ако по неколку дена не добиете одговор, уште еднаш јавете се и потсетете ги на вас.

Можеби ќе ве интересира

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци