15 Мај, 2024
0.0304

Барањето за поголема транспарентност за средствата за помош од буџетот одбиено

Сите пари ќе се трошат одговорно и ќе дојдат во рацете на тие на кои им се најпотреби по поплавите. Опозицијата се сомнева во злоупотреби.

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Буџетските средства за помош на поплавените нема да се распределат на начин  на кој имаше замислено опозицијата, односно нема да се објават имињата на лицата кои ќе примат средства, ниту пак ќе се открие сумата.

Овие барања на опозицијата за поголема транспарентност во извршување на буџетските средства се одбиени од страна на мнозинството во Собраниската комисија за финансирање и буџет. 

Пратенциите од власта сметаат дека со овие барања опозицијата сака само да собере предизборни политички поени бидејќи за сите средства има уредна евиденција преку општинските комисии и Бирото за вештачење, а целиот процес на доделување на помошта ќе биде надгледувано и од меѓународни институции.

Од СДСМ го повикаа и екс премиерот Никола Груевски да присуствува на надзорната расправа за поплавите во Собранието.

Никола Груевски да не бега од одговорност за поплавите кои се случија на 6 август. Утре Груевски мора да се појави во Собранието на Надзорната расправа за поплавите.

- Груевски беше 10 години премиер и јавноста од него очекува одговори што направиле тој и неговата власт и уште поважно, што не направиле тој и власта за да дојде до катастрофалните последици од поплавите, загуба на човечки животи и огромни материјални штети, побараа од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното