03 Мај, 2024
0.0241

Барокот се шири и на улица „Македонија”

Објавено во: Стил 03 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Барокната инвазија во центарот на Скопје продолжува. Нови 6,6 милиони евра се предвидени за изградба на девет барокни фасади во центарот на градот, од кој најголем дел се на улица „Македонија”.

Претходно пак, Советот на град Скопје го утврди изгледот на фасадите на уште 12 други објекти во центарот на градот кои ќе добијат барокно руво.

ob

Изведба на „стилизирана“ фасада од проектот „Скопје 2014“ го чека објектот на „Трготекстил“ кај трговскиот центар „Рамстор“, зградата на „Технометал“ и уште две други градби на плоштадот „ВМРО“, како и двата објекти лоцирани помеѓу „Сити галери“ и Градскиот трговски центар на плоштадот „Македонија“.

stop

Досега, за реконструкција на фасади во центарот на метрополата, според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“,се потрошени 10,2 милиони евра. Ако на ова се додадат дополнителните 6,6 милиони евра  барокните фасади само во централното градско подрачје ќе достигнат сума од околу 17 милиони евра.