Бектеши со фотографија: Во функција целиот капацитет на РЕК Битола
Објавено во: Економија 25 Март, 2024
Министерот за економија Крешник Бектеши објави фотографија и напиша на социјалните мрежи дека сите три блока на РЕК Битола се во функција.
„Работа и посветеност! Сите капацитети во функција на домаќинствата и бизнисот. Ние сме министерство за економија“, напиша Бектеши.
Изминатиот период имаше денови кога истовремено беа исклучени два блока. Блок 3 беше исклучен поради пукната цевка во котелот.
Раководството на ЕСМ во ниту еден момент не се почувствува повикано да одговори и да го демантира Дејан Трајковски, професор на битолскиот технички факултет кој јавно тврди дека производнаа цена на мегаватчас во битолскиот комбинат е над 140 евра и дека РЕК Битола произведува загуба.