17 Мај, 2024
0.0296

БЕКТЕШИ СО СТУДЕН ТУШ ДО СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ: Тие бараа пролонгирање за завршните сметки до 31 март, власта ги одби

Објавено во: Економија 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Владата нема да дозволи да се пролонгира досатавувањето на завршните сметки на компаниите, како што тоа го бараат сметководителите.

Ова го кажа министериот за економија Крешник Бектеши, кој вели дека во Владата сметаат дека сметководителите и не биле толку многу погодени од пандемијата во претходната година.

„Што се однесува до сметководителите, ние веќе направивме консултации во рамките на институциите, односно меѓу министерствата за економија и за финансии, Управата за јавни приходи и Централниот регистар, и одлучивме да нема пролонгирање што се однесува до подготвување и истовремено за доставување на завршните сметки од сметководиотелите, преку кои се доставуваат завршните сметки на компаниите. А ова е од причина што имаме предвид дека сметководителите и не биле толку погодени од панемијата во претходната година“, рече денеска Бектеши одговарајќи на новинарско прашање. 

Ова следува откако сметководителите денеска одржаа пресконференција, на која го презентираа истражувањето дека од почетокот на пандемијата, вкупно 49,2 отсто од сметководителите имале КОВИД, а над 54 проценти од нив биле болни во најкритичниот период, од декември до март,.

Ова го покажала онлајн анкетата што ја спроведе Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори.

Комората денеска на прес-конференција пред Министерството за економија јавно праша дали и по овие бројки институциите ќе останат на ставот да не се пролонгира рокот за годишните сметки и финансиските извештаи.

„Од вкупно регистрираните 10.000 сметководители, над 4.900 биле заболени од КОВИД. Од нив, 2.660, сега, поради нелогичното инаетење на институциите, се приморани да мислат за запазување рокови и по цена на живот. Фрапантните бројки не запираат тука. Воопшто не е за занемарување и бројката на колегите кои иако не биле заболени, биле во изолација поради членови на семејството, клинети или колеги. Дури 65 отсто или 6.500 се изјасниле дека сериозно бил нарушен текот на работа од оваа причина. Дали после овие бројки министерот ќе донесе разумна одлука за пролонгирање на роковите или и натаму ќе продолжи да го негира уставното право на секој граѓанин – правото на боледување, останува да видиме“, рече Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората.

Согласно законските можности, нагласи Андреева, пролонгирањето може да биде до 31 март 2021, без измени во Законот.

„Нашето првично барање, со измени во Законот, беше пролонгирањето да биде до 30 април за хартиено поднесување и до 15 мај за електронското, но изминаа сите реални можности за законски измени и затоа сега се повикуваме на она што е веќе постоечко во актуелниот Закон“, дополни Андреева.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија