БЕЛГИЈА ГО ЗГОЛЕМИ МИНИМАЛЕЦОТ: Тој ќе изнесува над 2.000 евра
Објавено во: Економија 31 Март, 2024
Белгиските работници ќе земаат повисоки плати. Минималната плата во Белгија се зголемува на 2.029,88 евра, јави дописникот на МИА од Брисел.
Досега, загарантираната минимална плата во земјата изнесуваше 1992,38 евра, а зголемувањето е во рамки на планот на Владата за нејзин раст оваа година за 37,50 евра. Следното зголемување, исто така за 37,50 евра, е предвидено за 2026 година.
Поголема минимална плата од Белгија ќе имаат само Луксембург и тоа од 2.570,93 евра, Ирска од 2.146,30 евра, Холандија од 2.070,12 евра и Германија од 2.054 евра.
По Белгија следна е Франција, каде од 1 јануари годинава минималната плата е покачена на 1.766,92 евра.
foto freepik.com/josemiguelsangar