17 Мај, 2024
0.0275

Берлин првиот европски град што го прогласи 8 Март за празник, индустријалците против

Објавено во: Свет 25 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Берлин е единствениот град во Европа во кој нема да се работи за 8 март, откако управата на главниот град на Германија го прогласи Интернационалниот ден на жената за празник. Текстот на одлуката на Социјалдемократската партија (СПД), Зелената партија и Левицата е веќе усвоен откако оветниците во Берлин веќе со месеци расправаа за овој предлог.

Парламентот на градот-држава, кој е управуван од коалиција на социјалдемократите (СПД), зелените и левичарските партии, гласаше во корист на одлуката со 87 наспроти 60 гласа „за“ одобрување на мерката. Берлин на тој начин станува прв од 16-те држави во Германија кои го преземаат овој чекор.

Одлуката наиде на критика кај индустриската и трговската комора на Берлин, кои сметаат дека тој неработен ден градот ќе го чини околу 160 милиони евра.

Дери Чаглар, портпарол на СПД за политика за еднаквост, рече дека одлуката е "многу голем знак дека напредуваме на патот кон еднаквоста меѓу мажите и жените".

Денот на жената сега е 10-тиот државен празник на календарот во германската престолнина. Берлин имаше најмал број државни празници од која било германска држава во 2018 година.

Берлинската комора за индустрија и трговија критикуваше дека новиот празник ќе предизвика економското производство на градот-држава да се намали за 0,3 проценти.

Меѓународниот ден на жената беше за првпат воспоставен на Меѓународната социјалистичка конференција на жените во Копенхаген во 1910 година. Германскиот активист за права на жените и марксистичката теоретичарка Клара Цеткин ја поднесе оваа идеја.

Германија го прослави празникот за првпат на 19 март 1911 година, заедно со Австрија, Швајцарија и Данска.

Од 1921 година, за датум на Денот на жената е прогласен 8 март. Обединетите нации почнаа да го прославуваат во 1975 година.



Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра