03 Мај, 2024
0.0294

Македонска берза и КХВ: Тоа што ќе нема акционерски собранија ќе влијае на пазарот

Објавено во: Финансии 27 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Правната промена во делот на одржување на годишните собранија на акционери за време на вонредната состојба, со сите импликации што од тоа ќе произлезат за работењето на акционерските друштва, секако ќе има големо влијание на тргувањето со хартии од вредност на берзата, велат од Македонска берза за Фактор. Денеска во Службен весник излезе Уредбата со која Владата им вели на друштавата да не одржуваат годишни собранија за време на вонредната состојба, тема што ја објавивме вчера. Фактор побара одговор и од Комисијата за хартии од вредност од каде велат дека се свесни дека одложувањето на годишните собранија на акционерските друштва за времетрање на вонредната состојба кое се случува во услови на веќе закажани собранија може негативно да се одрази на континуитетот на работењето на друштвата. 

„Инвеститорите нема во најавените и очекувани тајминзи да ја добијат дивидендата, што е еден од основните мотиви за вложување во хартии од вредност. Сметаме дека ова ќе има одраз на вреднувањето на хартиите од вредност на компаниите што се тргуваат на берзата, а последователно и на пазарната динамика и осцилаторност.  Сето ова се надоврзува на другите новонастанати околности за домашниот пазар на хартии од вредност поради влијанијата на вирусот COVID-19, велат од Македонска берза 

Во одговорот од КХВ стои дека донесената Уредба е ценовно чувствителна информација. Затоа, откако била објавена во службен весник денеска, веднаш пред започнување на тргувањето ги известиле сите овластени учесници на пазарот и им укажале на обврските од Законот за хартии од вредност согласно кои брокерската куќа/дирекција за работа со хартии од вредност, е должна веднаш да го извести клиентот за сите околности од значење за одлучување на клиентот во врска со налогот за купување или продавање на хартии од вредност и/или други услуги кои треба да ги изврши, како и за ризиците во врска со вложувањето во хартии од вредност.

 „Комисијата за хартии од вредност е свесна дека одложувањето на годишните собранија на акционерските друштва за времетрање на вонредната состојба кое се случува во услови на веќе закажани собранија може негативно да се одрази на континуитетот на работењето на друштвата, кое пак влијае и се прелева врз пазарните состојби на берзата, но и врз очекувањата на инвеститорите кои своите вложувања во компаниите ги направиле, сметајќи ги како доходовни инвестиции од кои може да се очекува приход кој веројатно потоа би бил редистрибуиран. КХВ превзема се што е во нејзина надлежност и во вакви услови да обезбеди континуирано тргување со хартии од вредност на нашиот пазар, но истовремено укажува дека за да има тргување треба да има и релеватен информациски материјал кој друштвата меѓу останатото го црпат и од акционерските собранија, стои во одговорот од Комисијата.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата