06 Мај, 2024
0.0472

Беса: Иванов е најголемиот прекршител на Уставот

Објавено во: Македонија 01 Март, 2017

Добивај вести на Viber

По денешната на изјава на г. Иванов, со која тој соопшти дека нема да му го довери мандатот на втората партија и дека така се одлучил со цел да ја брани државата од Албанците, се состана Централното претседателство на Движењето БЕСА и констатира дека овој е вознемирувачки момент за земјата.

Всушност, г. Иванов е најголемиот прекршител на Уставот, било тогаш кога неуставно му го довери мандатот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ или кога не му го довери мандатот на претседателот не СДСМ. А кога се има во предвид дека тој ја претставува највисоката институција во земјата, а во име на таа институција тој само што не повика на линчување на Албанците од Македонија, само затоа што Албанците потпишале една заедничка декларација на албанските политичките партии од Македонија, ова е веќе алармантно. Затоа ја повикуваме меѓународната заедница, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, да го имаат во предвид овој потенцијален ризик за албанската заедница во Македонија и да интервенираат за враќање на правната држава, како и за враќање на државата во евро-атлантскиот пат.

Исто така ги повикуваме сите граѓани за ладнокрвност и умереност, како и за посебно внимание, додека Движењето БЕСА ќе биде тука заштитник на албанските интереси во Македонија. Притоа, имајќи го во предвид ова што се случува денес, ова е уште еден аргумент дека спасот на ова земја е само нејзиното РЕДЕФИНИРАЊЕ во согласност со мултиетничката реалност на земјата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува