17 Мај, 2024
0.0275

Бесими: Oбезбедени средства со најмал трошок за буџетот за отплата на стари обврски

Објавено во: Финансии 11 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Стратегијата што ја применивме при издавањето на деветатта Еврообврзница беше да обезбедиме средства само за покривање на Eврообврзницата издадена во 2016 година и обврските што доспеваат за отплата на долгови во 2023 година и тоа да биде со понизок трошок за Буџетот и за граѓаните со фактот што се издаде Еврообврзница со рок на доспевање од четири наместо седум години, како таа што доспева. Тоа беше нашата определба за прудентно и одговорно водење на финансиите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Одлуката да обезбедиме 600 милиони евра со издавање Еврообврзница, наместо максималниот износ што беше утврден со одлуката на Владата, е поради нашата определба прудентно и одговорно да ги водиме финансиите и трошокот за граѓаните да биде помал. Направивме успешна трансакција.  Успеавме да обезбедиме купон од 6,25%“, рече министерот Бесими во интервју за Тема на денот на ТВ Сител.

Средствата, како што рече министерот, обезбедени од Еврообврзницата се за отплата на долгови и еврообврзница што доспеваат во текот на 2023 година. За покривање на дефицитот, додаде, средства ќе се обезбедат преку програмата со ММФ околу 157 милиони евра, 72 милиони евра грант од Европската комисија, 100 милиони евра макрофинансиска поддршка од ЕУ и дополнително средства од други поволни кредитни линии како ЕБОР, ЕИБ, Светска банка, за реализација на проекти. Придонес кон тоа ќе дадат и даночните реформи, како и новиот Данок за солидарност, кој не е предвиден во Буџетот, но ќе придонесе да се намали дефицитот и потребата за задолжување.

За платите на вработените во целата администрацијата, посочи дека, ќе се бара системско решение по примерот на минималната плата и пензиите и дека на такво решение се работи. „Целта е да има решение кое ќе биде системско и одржливо, кое ќе го штити интегритетот и стандрадот на вработените и ќе биде основа за професионалност на администрацијата“, рече министерот Бесими. 

Можеби ќе ве интересира

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници