15 Мај, 2024
0.0278

Бесими: Раст од 4% догодина и среднорочна рамка за предлог-буџетот за 2021

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Раст од 4% догодина согласно основното сценарио изработено од Министерството за финансии, најави министерот за финансии Фатмир Бесими на дебата на Тв 24, на која учествуваа и професорот Никола Поповски и стопанственикот Антони Пешев. Бесими посочи дека буџетот за догодина ќе биде буџет за заздравување, дека ќе биде изработен на среднорочна рамка, како и дека на среден рок ќе се работи на фискална консолидација.

-Буџет кој ќе го поддржи економското закрепнување. Тој ќе даде и  натамошна поддршка на здравствениот сектор, што значи заштита на здравјето на нашите граѓани, лекови, вакцини, здравствениот персонал, капацитетите внатре во здравството. Второ за мерки за социјалните категори и мерки за економијата и за задржување на работните места. Се предвидува во текот на наредната година да почнеме да се фокусираме колку што е можно во однос на политиките што ќе поддржат инвестиции за конкуретност, ќе поддржат подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции, што на среден рок ќе значи и одржлив раст и забрзување на истиот. - рече Бесими.

Бесими посочи дека предлог-буџетот за 2021 ќе има среднорочна рамка и ја истакна потребата од среднорочно планирање за да се направат структурни промени во буџетот и наместо за 2,6% просечен раст, како штп беше во изминативе 10 години, да зборуваме понатаму за повисоки стапки од 5% годишен раст.

Тој посочи дека фискална консолидација може да се изврши на среден рок, како и дека не може да се очекува дека следната година ќе се дојде со предлог-буџет со дефицит помал од 3%.Тој посочи дека ова е пракса за скоро сите земји низ светот во време на кризава. Бесими истакна дека сите земји во светот ги прошируваат своите дефицити, па дури и земјите кои досега функционирале со висок суфицит во буџетот - како на пример Норвешка, а сега проектираат буџетски дефицит.

-Ова е криза од најголеми димензии во изминатите 100 години и која ги има зафатено сите земји во светот - некои со поголем, некои со послаб интензитет, но ги има зафатено сите. Понатаму, ова е криза од неекономско потекло. Нарушени се синџирите на добавување, а со административните мерки има внатрешно успорување на активноста, затоа кризата делува од двете страни и од страната на понудата и на страната на побарувачката. Од таа причина земјите преку мерки мораат да ја стимулираат економската активност и да вбризгуваат ликвидност во стопанството - рече Бесими.

Министерот за финании посочи дека закрепнувањето догодина ќе зависи и од тоа дали ќе има нов бран на здравствена криза и согласно тоа има три сценарија кои се очекуваат - основно, песимистичко и оптимистичко. Согласно позитивните сценарија се очекува да нема нови бранови на криза догодина туку да има економско опоравување. 

Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно