БЕЗБЕДОСНИ МЕРКИ ИМА ВО НЕГОВАТА КАНЦЕЛАРИЈА: Макрон ја предупреди нацијата за опасноста
Објавено во: Свет 10 Март, 2020
Ние сме на сам почеток, треба да бидеме јасни и свесни, изјави францускиот претседател, Емануел Макрон за опасноста од коронавирусот.
На прашањето за преминување на трето ниво на заштита во Франција, Макрон рече дека мерките ќе варираат во зависност од областа за која се донесени.
„Мислам дека не треба да мислиме дека во одреден момент во нашата земја сè ќе се промени. Треба да останеме исклучително флексибилни“, рече тој.
Засилени се и безбедносните мерки во канцеларијата на Макрон, откако еден од најблиските соработници на претседателот, шефот на канцеларија Патрик Стрзода, бил во контакт со заразено лице. Тој се наоѓа во самоизолација и работи од дома.
За време на посетата на друга париска болница минатата недела, во која претходниот ден од коронавирус почина првиот Французин, еден доктор побара од него повеќе средства за државните болници.
Со 25 смртни случаи и 1.412 потврдени случаи на зараза, Франција е втора најпогодена европска земја, зад Италија.
Во изминатите 24 часа од коронавирус во Италија починале 168 луѓе.