28 Април, 2024
0.0304

Бежоска за „Еуростандард банка“: Народната банка немаше друг избор освен да ја одземе дозволата

Објавено во: Економија 13 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Одземањето на дозвола за работа на банка е една од најтешките одлуки за секоја централна банка, изјави денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Надзорната расправа во Собранието.

Вели дека пред да се посегне кон ваква одлука се вложуваат максимални напори за изнаоѓање на поповолно решение. 

„Но, од друга страна, централните банки не смеат да дозволат банка да работи спротивно на законските прописи доведувајки ја во прашање стабилноста на  финансиски систем.  По исцрпување на сите можности,  дозволата за работа на „Еуростандард банка“ беше одземена заради констатирана несолвентност“, вели таа. 

Додава дека поради преземање на повисоко ниво на ризик во работењето, Банката во подолг период била под засилен супериворски надзор. 

„Постојано изрекувавме супервизорски мерки и го засилувавме интензитетот на супервизорскиот режим. За илустрација: во последните 8 години,  изрековме околу 70 дополнителни супервизорски мерки, од кои околу 40 само во последниве 2 години.  Со дел од мерките баравме уплата на дополнителен капитал, поаѓајќи од правилото дека поголемиот ризик, бара и поголем капитал за покривање на евентуални загуби. Банката и сопствениците покажуваа одредена респонзивност на изречените мерки, но за жал не доволна. Со вонтеренското следење, на почетокот на минатата  година, супевизорските тимови утврдија повисок износ на неприкажани резервации, што резултираше Банката за првпат да се соочи со поткапитализираност, но не ниво на поткапитализираност кое би било основ за одземање на дозволата“, рече гувернерката. 

Објасни дека изрекле мерка План за подобрување на состојбата со кој Банката и нејзините сопственици се обврзале на: признавање на загуби на товар на капиталот или т.н. „чистење“ на кредитното портфолио и уште побитно и паралелна докапитализација заради достигнување и одржување на потребниот капитал.

Веднаш направивме и теренска контроласо која утврдивме потреба од поголеми резервации и капитал. Во ноември минатата година сопствениците уплатија 10 милиони евра со што ги исполнија минималните законски барања. Доколку не се случеше таа уплата на капитал, Народната банка уште тогаш ќе ја одземеше дозволата за работа.

Сопствениците се обврзаа дека ќе продолжат со дополнителни уплати на капитал и во 2020 година. Активностите за „чистење“ на портфолиото продолжија, но исполнувањето на обврската за уплатата на потребниот капитал за првата половина од оваа година, целосно изостана. Во втората половина на јуни, сопствениците, приложувајќи документ, писмено нѐ известија дека имаат потенцијален  инвеститор, и побараа да му дадеме време за  да направи длабинска анализа врз основа на која би ја донел одлуката за инвестирање. По интензивна, документирана комуникација, на почетокот на август, потенцијалниот инвеститор нѐ извести дека не е подготвен да го обезбеди вкупниот потребен капитал во потребната временска рамка. Притоа, тој исто така не ја достави  потребната документација за да може  да се оцени дали  ги исполнува законските барања за акционер. Во вакви околности, Народната банка, немаше друг избор освен да ја одземе дозволата“, кажа Бежоска. 

И бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на пропаднатата Еуростандард банка, беше денеска на надзорната расправа во Собранието за утврдување на причините кои доведоа до стечајот врз Еуростандард банка. 

Еден од пратениците од опозицијата го праша дали претходниот генерален директор на банката бил близок со високи функционери на Владата, на што Костовски рече дека веднаш ќе одговори со - да. 

Тој доби и прашање дали екс директорот имал средби со тие членови на Владата и нивни бизнис партнери.

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка