19 Мај, 2024
0.0270

БГНЕС: ИМА ЗДЕЛКА - на крајот на мандатот Каракачанов потпиша договор за два нови патролни брода за близу милијарда лева

Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

На крајот на мандатот на владата, министерот за одбрана Красимир Каракачанов потпиша втор голем воен договор - за аквизиција на два нови патролни брода, од речиси една милијарда лева, пишува денеска бугарски Бгнес. 

Медиумот наведува дека проектот се подготвувал речиси пет години. Тој поминал низ многу различни фази, како и низ еден неуспех пред три години. 

Како што пишува Бгнес, бугарското министерство за одбрана избрало нарачката на бродовите да биде направена од германската компанија LURSSEN WERFT GmbH & Co.KG, а нејзин подизведувач ќе биде компанијата за бродоизградба „Делфин“ од Варна. 

Двата брода ќе се градат во Бугарија. „Делфин“ има клучна улога во проектот, а уште од самиот почеток важеше за фаворит. 

Во 2017 година компанијата изненадувачки се откажа од нарачката. Компанијата не даде официјален коментар за нејзината одлука, но МО објасни дека тоа се должи на намалената цена на проектот.

Првично, таа изнесуваше 820 милиони лева, но без ДДВ. Данокот сега е вклучен во вкупниот износ. 

Во новото издание на проектот, „Делфин“ одби да достави понуда. Така, само една компанија остана во конкуренција, односно германската компанија и италијанското бродоградилиште Fincantieri.

До последен момент италијанското бфродоградилиште се обидуваше да ја запре зделката. Според компанијата, проектот е компромитиран и во него има многу прекршувања. Таа дури инсистираше на собраниска проверка, но Владата не одговори на нејзините повици.

Ова е втор голем воен договор на кабинетот, по купувањето на ловците Ф-16 Блок 70, за над две милијарди лева од САД, и „Локид Мартин“. Третиот голем проект - да се купат оклопни возила за речиси 1,5 милијарди лева, се движи побавно и многу веројатно е ека нема да биде потпишан во рамките на овој владин мандат, пишува Бгнес. 

фото Бгнес

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија