19 Мај, 2024
0.0246

Бидејќи власта не е она што беше?

Објавено во: Стил 11 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

„Крајот на власта“ на Моизес Наим. Оваа книга ја лансира читателскиот клуб „Година во книги“, создаден од Марк Цукерберг. Во јануари 2015 тој најави онлајн иницијатива преку личниот Фејсбук профил и оттогаш до денес, на секои две недели, пушта препораки за оние наслови кои оценува дека треба да бидат прочитани од милионите негови следбеници. Идејата му дошла на памет додека размислувал за сезонските и новогодишните ветувања. Така тој почнал да ги популаризира „само оние значајни книги, кои потенцираат истражувања и апсорбирање на новите култури, верувања, приказни и технологии“.

Во „Крајот на власта“ Наим ја осветлува детално битката помеѓу моќните до наскоро глобални властодршци и микросилите кои се раѓаат во неостварени размери. Неговите провокативни истражувања покажуваат дека веќе се појавиле нови фактори, и тоа во светски рамки, кои ќе соборат тирани и демолираат монополи, но и ќе отвораат неостварени до вчера можности. Тој тврди дека кога имаме комбинација помеѓу неефикасна влада и барање на публиката крајниот резултат секогаш е фатален. Дури и кога власта е доволно транспарентна, тврди тој, тоа ги прави избирачите повеќе информирани, но и повеќе критични, дури и сомнителни што исто ја поткопува довербата на јавноста кон владејачките партии.

Ако порано истомислениците биле изолирани, сега нема ништо полесно од тоа да најдеш соработници зашто општествата излегуваат надвор од географските рамки. Тоа произведува опасен вид отуѓување и фрустрации, екстремен пример за кое се голем дел од терористичките организации. Импулсот за противинституционално однесување носи ризици кои водат до задушување на основните норми на човечко однесување. Истовремено постојат и нови, револуционерни пристапи, од кои владетелите можат да црпат искуства - филантропски и добротворни иницијативи на познати личности и други неформални авторитети. Иновациите се веќе факт. Она што останува, тврди Наим, е да бидат прифатени и од политичарите.

Моизес Наим е експерт во Фондацијата Карнеги за меѓународен мир. Бил министер за трговија и индустрија на Венецуела и извршен директор на Светската банка. Денес е новинар и аналитичар на меѓународно ниво, а во текот на 14 години ја заземал должноста за главен уредник на списанието „Foreign Policy“. Негови статии се објавени во различни медиуми во светот. Автор е на повеќе од 10 книги. Наим постојано е оценуван помеѓу водечките мисловни лидери на глобално ниво.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“