07 Мај, 2024
0.0229

Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше

Објавено во: Стил 24 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

На пети октомври 2015 година, со почеток во 19:30 часот на плоштадот „Македонија” во Скопје, ќе се одржи традиционалниот музички хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше”.

Оваа година на задоволство на сите, покрај неговите познати хитови ќе имаме можност да слушнеме и до сега необјавена песна на Тоше Проески.

Настанот се одржува по иницијатива на обожавателите на Тоше Проески, во спомен на прерано починатата македонска музичка ѕвезда, на денот на неговиот последен концерт во Скопје, со цел сите заедно да се потсетиме на неговата музика и лик, но и да создадеме „ѕвездено небо” во негова чест.