БИХ ПОД СНЕГ: Цели села се отсечени, а многу домаќинства се без струја
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2017
Снегот кој без престан паѓаше во БиХ викендов создаде сериозни проблеми.
Многу патишта во градовите и селата се неисчистени, а десетина села и општини се без струја.
Села во околината на Сребеник се отсечени, а многу основци и средношколци не дојдоа на настава поради снегот.
Проблеми имаше и во Сараево, а вчера 49 екипи ги чистеа улиците.
Околу 200 работници го отстрануваа снегот од тротоарите и улиците.