БИЛАЛ СУЏУБАШИ РЕИМЕНУВАН: Останува на позицијата Главен извршен директор на Халк банка
Објавено во: Финансии 24 Февруари, 2022
Билал Суџубаши, актуелниот главен извршен директор на Халк Банка е реименуван на позицијата и ќе ја извршува и во следните две години.
„Согласно Решението на Гувернерот на Народна банка на Р. Северна Македонија
издадена е претходна согласност за реименување на Билал Суџубаши за
период од 2 години, сметано од 02.02.2022 година. Промените се упишани во
Централниот Регистар на 11 февруари. Билал Суџубаши ќе продолжи да ја извршува функцијата Главен Извршен
Директор, Претседател на Управниот одбор на Халк Банка А.Д. Скопје, соопштија од банката.