27 Април, 2024
0.0251

Бишев стартува во Шпаркасе банка во Мај

Објавено во: Финансии 15 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Банкарскиот систем во Република Македонија навистина е стабилен и ликвиден, изјави денеска директорот на Стопанска банка Глигор Бишев, кој од 1 мај заминува за директор во Шпаркасе банка. Бишев денеска одржа предавање пред студентите на Економскиот факултет во Скопје, каде потенцира дека за постоењето на висока финансиска стабилност постои консензус, но оти тоа не треба да не задоволува и дека треба да се одржува и да се подигнува на повисоко ниво. - Македонија и Албанија се единствените земји што ја имаат таа предност во регионот. Сите останати Србија, Бугарија, БиХ, Хрватска и Романија имаат сооднос на заемите спрема депозитите над 100 проценти, што значи дека во тие земји без дополнителен прилив на странски капитал не е можно да се зголеми кредитната поддршка на стопанството, а такво ограничување во Македонија банките немаат, изјави Бишев. Посочувајќи дека порастот на нефункционалните кредити е занемарлив, наведе дека во Бугарија во 2012 година во однос на 2008 година лошите пласмани се зголемени за седум пати и имаат процент од 17,5, во Хрватска се зголемени за 10 пати, а во Македонија се зголемени од 7,5 на 10,5 отсто, значи не повеќе од 50 проценти. - Се надевам дека кризата брзо ќе заврши и нема да има потреба да се прологираат продавањето на овие капацитети, рече Бишев.  

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат