Биткоин продолжи да паѓа: Маск пак ги шокираше крипто трговците
Објавено во: Финансии 05 Јуни, 2021
Најстарата и најпопуларна криптовалута на светот, биткоинот, вчера продолжи со падот, за што дополнително придонесе и последниот твит на Илон Маск. Во моментот биткоинот се тргува по цена од 35.990 американски долари.
Во текот на последните 24 часа, цената на биткоинот се движеше помеѓу 35.500 и скоро 38.000 долари, а во овој период забележа пад од 2,15 проценти.
Пазарната капитализација на биткоинот во моментов е 674 милијарди долари
Етереум, втората најпопуларна криптовалута, забележа минимален пад од околу 1 процент, а во моментов се тргува по цена од 2.620 долари.
Крипто пазарот доживеа голем пад минатиот месец, бидејќи цените на скоро сите монети драстично паднаа по серијата негативни изјави на влијателни инвеститори и бизнисмени. Исто така, одлуките на одредени државни регулаторни тела, особено кинеските власти, дополнително влијаеа на негативното движење на вредноста на крипто-валутите.