17 Мај, 2024
0.0321

БИТКОИНОТ СЕ „ВРАТИ“: Како ја презеде улогата што некогаш ја играше златото

Објавено во: Економија 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Најпопуларната криптовалута биткоин се врати на ниво над 50.000 долари во неделата вечерта. Биткоинот скокна за четири проценти денес, а аналитичарите растот го припишуваат на масивната програма за стимулации во САД вредна 1,9 милијарди долари.

Сенатот во саботата го усвои планот на претседателот eо Бајден за опоравување од пандемијата на ковид19 со 1,19 трилиони долари по цела ноќ седница на која демократите имаа најмногу несогласувања околу надоместоците за невработеност, а републиканското малцинство не успеа да спроведе околу 30 амандмани. , пишува Seebiz.

Пакетот вклучува 400 милијарди долари еднократно плаќање на повеќето Американци од 1.400 долари, 300 долари неделно за продолжени бенефиции за 9,5 милиони луѓе кои останаа без работа во кризата и 350 милијарди долари помош за државните и локалните власти чии буџети беа намалени поради пандемијата.

Растот на биткоин наговестува на слаб долар на девизните пазари и подобрен апетит за ризик на берзите во понеделникот. Дигиталната валута во голема мерка се движеше во спротивна насока од доларот и се однесуваше повеќе или помалку како акции / ризични средства од падот во март 2020 година.

Инвеститорите сè повеќе го доживуваат биткоинот како „чувар на вредноста“, па затоа во голем број портфолија ја презеде улогата што некогаш ја играше златото.


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија