26 Април, 2024
0.0272

„Битола Брокер“ без дозвола за вршење услуги со хартии од вредност

Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност, соопшти дека трајно и ја одзема дозволата за вршење услуги со хартии од вредност на брокерската куќа „Битола Брокер” АД Битола, поради донесена одлука за престанок со работа на брокерската куќа од страна на Собранието на акционери.Со трајното одземање на дозволата за работа на „Битола Брокер”, се исполнуваат условите за отворање ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата ќе поведе постапка пред надлежниот суд.Согласно Законот за хартии од вредност, КХВ ќе ги задолжи „Македонската берза” АД Скопје и „Централниот депозитар за хартии од вредност” АД Скопје веднаш по приемот на решението од КХВ трајно да ја исклучат од членство брокерската куќа „Битола Брокер”.Со згаснувањето на „Битола Брокер” АД Битола, на македонскиот пазар на хартии од вредност работат вкупно 11 брокерски куќи и  6 овластени банки за работа со хартии од вредност.

На вчера одржаната седница, Комисијата за хартии од вредност, како што информира, му дозволи на „Тутунски Комбинат” АД Прилеп да издаде трета емисија на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна  понуда. Станува збор за 637.778 обични акции во вредност од 32.609.589,14 евра. Акциите од третата емисија се издаваат по продажна цена која е еднаква на нивната номинална вредност.

Емисијата по пат на приватна понуда се врши на тој начин што Република Македонија ги презема акциите од новата емисија, а побарувањата по основ на јавни давачки што државата ги има кон „Тутунски Комбинат” АД Прилеп ги претвора во  трајни влогови во друштвото. На овој начин ќе се намали долгот кој „Тутунски Комбинат”АД Прилеп го има кон Република Македонија по основ на јавни давачки. Оваа  постапка се спроведува согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки  во траен влог во друштвата АД Органско хемиска индустрија ”Наум Наумовски –Борче” АД Скопје, ”Тутунски Комбинат” АД Прилеп и Друштво за производство на производи со посебна намена ”11 Октомври-Еурокомпозити” АД Прилеп.

КХВ воедно даде одобрение „Македонски енергетски ресурси” АД Скопје да ја зголеми основната главнина преку издавање на 2.430 нови обични акции со вкупна продажна вредност од 243.000 евра. Втората емисија на акции е наменета за постојниот акционер-Влада на Република Македонија, а истата се врши заради создавање услови за непречно функционирање, како и можности за проширување на дејноста на друштвото.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“