27 Април, 2024
0.0278

Битола со нова Стратегија ќе го развива туризмот

Објавено во: Мои пари 06 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Битола има голем потенцијал за развој на туризмот и со правилни политики и долгорочна работа може да се развие оваа гранка. Ова го посочија претсавниците на НУ Завод и Музеј - Битола и на Факултетот за туризам и угостителство при Универзитетот „Св.Климент Охридски“кои во соработка со локалната самоуправа денеска ги претставија стратешките цели на Битола за одржлив туристички развој преку новата Стратегија за развој на туризмот. Според деканот на Факултетот за туризам и угостителство Сашо Коруновски, општина Битола е атрактивен град за туристите и во наредниот период се очекуваат зголемен број на посети, но и награди и признанија. „Битола ја посочуваме како еден од позитивните примери за развој на туризмот во Македонија и со сигурност може да се каже дека тоа е општина со најбрз развој на туризмот во државата. Тоа е резултат на правилни политики и долгорочна работа посебно во делот на културниот туризам кој се класифицира во туризам со високи потреби и високи стандарди“, истакна Коруновски. На промотивниот настан во Битола, претставникот на НУ Завод и Музеј, Ирена Ружин потврди дека Стратегијата за развој на туризмот се изработувала подолг период и е втемелена на бројни стручни истражувања. „Во стратешките цели предвидени се подобрувања во туристичката инфраструктура, креирање на нови туристички производи, и други активности. Ефектите од стратешкиот пристап и дејствување во туризмот се потврдуваат со бројки бидејќи според информациите од државниот Завод за статистика во Битола за 20 насто е зголемен бројот на ноќевања, а ако се споредат бројот на ноќевања во 2008 со 2012 година тогаш тој е за 100 насто зголемен, истакна Ружин. Градоначалникот Владимир Талески посочи дека во општината во сите 365 денови има најразлични настани и понуда која ја реализираат националните и локалните институции во градот. „Општина Битола нас не задолжува со својата историја и културното наследство да бидеме внимателни кон сите содржини од сферата на културата“, истакна Талески. Општина Битола со донесувањето на новите детални урбанистички планови овозможи инвестирање и зголемување на сместувачките хотелски капацитети во градот и околината. Во потпелистерското село Нижо Поле со новиот урбанистички план предвидени се можности за градба на 9 хотели, беше потврдено на денешниот промотивен настан во Битола.  

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“