27 Април, 2024
0.0437

Битола станува плоден полигон за старт ап идеи на млади

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Дваесет млади учесници на настанот за акцелераторската програма од проектот Employouth ги претставија своите иновативни бизнис планови пред комисијата на евалуатори и потенцијални инвеститори кој се одржа во Битола на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ). Битола интензивно работи на развој на старт ап сцената и со овој проект докажува дека стартапите се почетоци на бизниси кои ако се добро организирани и менторирани од почеток, можат да доживеат значаен успех.


„Старапите се оние кои внесуваат оригиналност, иновативност и свежи идеи кои го менуваат светот. Сетоа тоа го прават брзо и со минимални трошоци зошто се со концепт да станат успешни компании. Тоа е начин на размислување кој ветува успех и токму тоа секој претрпиемач треба да го има", поентираше проф. Д-р Игор Неделковски, проректор за наука на Универзитетот Св Климент Охридски.

Дали е возможно да се создаде бизнис додека сте уште на студии, беше прашањето кое го постави деканката на ФИКТ, проф. д-р Андријана Боцевска.


"Да, доколку Универзитетите создадат услови, во светот наречени Инкубатори во кои со помош на ментори, студентите се охрабрат доколку имаат идеја да ги направат првите чекори во претприемничките води. ФИКТ е една од ретките високообразоавни институции која се охрабри да покаже дека сме во тек со овие трендови кои се присутни на водечките Универзитети. Избрани тимови, работат на валидација на своите идеи, низ процес на подобрување на производите или услугите, како би можеле подготвени да излезат на пазарот со својата компанија." додаде проф. д-р Боцевска.

На настанот присуствуваа гости од Универзитетот West Macedonia лоциран во Кожани, Грција, институција со која имаат долгогодишна соработка. 


Универзитетската пилот програма за стартапи во Пелагонискиот Регион, организирана како дел од Еmloyouth, проект кој е финасиран од ЕУ преку Интерег програмата за прекугранична соработка со Грција, во пролетта ја креираше ПРЕДА плус фондацијата која оваа акцелераторска програма ја предаде на Факултетот за информациски технологии - ФИКТ.

Факултетот со овој проект обезбеди простор каде го смести акцелераторот и со својот менаџерски тим продолжи да го развива.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг