Битолчанец останал и без автомобил и без пари
Објавено во: Македонија 05 Март, 2022
Битолчанец останал и без автомобил и без пари.
Во СВР Битола вчера во 17.20 часот, 33-годишен маж пријавил дека на 16 февруари лани купил автомобил„ауди“ со битолски регистарски ознаки од А.П. од селото Лавци, битолско за што склучиле купопродажен договор и му го платил возилото. Потоа А.П. побарал да му го остави возилото неколку дена додека да купи друго возило на што пријавителот се согласил, но до денес А.П. не го вратил возилото. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.