Добивај вести на Viber
Битолска млекара започна со дистрибуција на Битолски јогурт во семејно пакување од 1,5л. во ПET амбалажа. Ова пакување е практично и значително поекономично, што на потрошувачите ќе им овозможи овој производ да им биде достапен по значително пониска цена, соопштуваат од компанијата.
Новиот производ го задржува добро познатиот традиционален кисел вкус и квалитет на Битолски јогурт со 2,8% млечни мести, посочуваат од компанијата, а направен е од високо квалитетно пастеризирано млеко и врвна активна јогуртна култура, по современа технологија и врвни стандарди за безбедност и исправност на храната.
Производот чуван на температура од 4 °C до 8 °C ќе има трајност на полица во малопродажбата од 21 ден.