Битолско-прилепските локали ноќеска со „непоканети гости“- МВР со контрола
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2017
По Скопје каде се затворија над 10 угостителски објекти, МВР се пушти во акција и во Битола и Прилеп.
Како што јавија дел од медиумите ноќеска во полициска акција биле претресувани кафулиња, ресторани и дискотеки, но и кафеани.
Во коориднација со УЈП во овие градови се проверувало дали нелегално им се точи алкохол на малолетници дали се почитува законот за пушење и дали се издаваат фискални сметки.
Дали е затворен некој објект и дали се констатирани неправилности во овие градови се очекува МВР да се изјасни во текот на денов.