26 Април, 2024
0.0285

БИЗНИС ФАЦИ, Наумов: Во трка за финансискиот престол!

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Во годината што измина продолжи да ја врши функцијата коректив на работата на Министерството за финансии. Како дополнителен заменик- министер за финансии Кире Наумов и во 2016-та година беше еден од најголемите критичари на финансиската политика на власта. Не остави ниту едно задолжување на Министерството да помине без критика до неговите колеги -поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески и актуелниот министер Кирил Миноски. На секоја спроведена аукција на државни хартии од финансии, следуваше реакција, потсетување и предупредување од Наумов - за висината на задолжувањето и порастот на јавниот долг.

„Груевски и Ставрески  се водат од девизата ПОСЛЕ НАС ПОТОП. Тоа е веќе класично должничко ропство и Македонија ќе влезе во фаза на високо задолжена држава којашто нема да може понатаму да ги сервисира своите долгови“, предупреди во ланските изјави Наумов.

А токму аукциите односно задолжувањата, беа причина за конфликти со Ставрески, а потоа и со Миноски. Но тоа не го сопре во обидите да ја предупреди јавноста за серозноста на владините задолжувања. Битката за стопирање на задолжувањата кај домашните кредитори Наумов ја продолжи и на Управен суд. Неколку месеци Управен тактизираше со одлуката, дури и годината заврши а конечна правна одлука нема.

Но, битката против владините задолжувања не беше само за на домашниот пазар, Наумов и во годината што измина како и претходната 2015-та година ги искористи сите механизми што како дополнителен заменик-министер му беа на располагање, за да ја спречи Владата во плановите за високите задолжувања кај странските кредитори. Лани кога Владата обелодени дека планира издавање на нова еврообврзница, Наумов  испрати писмо до странските инвеститори да внимаваат при купување на македонската еврообврзница. Во името на партијата тој испрати писмо до водечките банки заинтересирани да инвестираат во еврообрзницата, со предупредување дека издавањето на еврообврзницата не е законско и треба да бидат внимателни при купувањето.Па Македонија на кратко го одложи издавањето на еврообврзницата, па потоа повторно ја емитуваше и кај странските банки се задолжи наместо со 650 милиони евра со 450 милиони евра.Наумов тогаш изјави дека задолжувањето е незаконско.  

„Со издавањето на еврообврзницата се прекршени Законот за Влада, Законот за Јавен долг, Законот за Буџет и Кривичниот законик. Само како пример за нелегалноста на издавањето на еврообврзницата ќе потсетам дека министерот за правда сеуште јавно не излегол да каже дали согласно Законот за Јавен долг, член 18 став 6, издал правно мислење за правната важност на задолжувањето.Ова е трето задолжување на меѓународните пазари во последните две години. Вкупно само преку овие задолжувања јавниот долг е зголемен за 1 милијарда и 220 милиони евра. Каматата што вкупно ќе ја плата граѓаните само за овие три задолжувања изнесува речиси 400 милиони евра. А намената на парите е целосна мистерија“, изјави во едно од интервјуата Наумов.

Со завршувањето на ланските предвремени парламентарни избори, завршија и функциите на дополнителните заменици-министри, вклучително и на Наумов, кој и цела 2016-та водеше сизифoва битка во паричникот на „преродбата“. Сега очекува, како и многумина опозиционери, формирање на Влада, во која главниот збор веќе ќе го немаат лутите ривали.

Т.С 


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти