27 Април, 2024
0.0274

Бизнис Конфедерација на Македонија на средба со компаниите од кавадаречко - неготинскиот регион

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Кои се приоритетите, какви се очекувањата и изнаоѓање решенија за подобрување на бизнис-климата во Македонија, за овие прашања дискутираа претприемачите и претставниците на микро, малитеи средните компании од кавадаречко-неготинскиот регион на деловната средба организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија. Претставниците на компаниите ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат секојдневно во создавањето на одржлив бизнис, деловност и обезбедување иднина за своите компании.

Како национално тело што ги застапува интересите на бизнис-заедницата во Македонија ги преземаме сите можни чекори да ја дадеме нашата поддршка за  претприемништвото на микро, мали и средни претпријатија и со тоа да обезбедиме што подобри услови за работа. Тоа вклучувареформски зафати, законски измени, економски стратегии. Оваа средба е токму во насока на тоа компаниите да можат да ни кажат непосредно со што се соочуваат и какви пречки им го сузбиваат развојот и воопшто оперативноста. Врз основа на нивните искуства и сведоштва после тоа ние можеме соодветно да делуваме и да придонесеме за создавање на поволна бизнис клима во сите индустриски сектори и нивоа на оперативност“, изјави Миле Бошков, Претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.

Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог-политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.

Создавањето на предлог-политиките како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Ова е првиот од серијата промотивни настани кои ќе се одржат во повеќе градови на Македонија и со кои ќе се опфатат голем број компании.

Во овој регион има приближно 2300 микро, мали и средни компании а најчести индустриски гранки во кои се активни се трговија на големо и трговија на мало, преработувачка индустрија, транспорт и складирање, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“