БИЗНИС СОВЕТИ: Коосновачот на Google, Сергеј Брин ве инспирира: Следете ги своите соништа!
Објавено во: Финансии 23 Јануари, 2017
Кога Сергеј Брин го создал Google како студент во „Стенфорд“, воопшто не замислувал дека компанијата ќе стане толку успешна. Веројатно не си претставувал уште дека ќе биде портпарол на Светскиот економски форум во Давос во 2017, каде Alphabet - компанијата-мајка на Google - ќе биде дефинирана како „една од четирите светски сили“.
Иако глобалната доминација на неговата фирма, Брин скромно придава многу од постигнувањата на среќа. „Ако ви кажам за сите глупави работи кои сум ги правел, ќе ни треба подолга сесија. А успесите - тие се должеа на шанси“, изјави тој во Давос.
Брин охрабрува експерименти и иновации, но кариерата го научила дека е невозможно да предвидиш иднината. Затоа е внимателен со прогнозите.
„Еволуцијата на технологијата може да биде хаотична. Денес имаме вредности и желби, кои се многу различни од оние пред индустриската или аграрната револуција. И затоа се развиваме“, додаде претприемачот.
„Се надевам дека - бидејќи многу дневни активности веќе се вршат од технологијата - луѓето ќе најдат покреативни и значајни начини да го трошат времето“, рече уште Брин.
„Би сакал да ги повикам младите луѓе да ги искористат шансите и да ги следат своите соништа. Како и да го задушуваат внатрешните гласови кои им велат дека има уште илјадници луѓе кои го прават истото како нив“.