04 Мај, 2024
0.0270

Бизнисмените потиснати од масовното нелегално прислушување

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Според информациите кои ги откри истрагата „Таргет“ на СЈО голем број на бизнисмени биле ставени под посебни мерки на следење и прислушување без легално обезбедени процедури што е директна закана врз економските слободи, а можностите за злоупотреби се огромни, оценува дел од бизнис фелата во Македонија.

Со ваквата пракса на прислушување, бизнисот е ставен во немилосрдна положба, за 24 Вести коментира бизнисменот Венко Глигоров и не ја исклучува можноста информациите од прислушуваните разговори да се користеле за местење на тендери, уценување и обезбедување на послушност од стопанственците.

Мендерес Кучи од стопанската комора на Северозапдна Македонија, вели дека престанале да разговараат по телефон, уште по објавата на бомбите. 

Мегу звучните имиња се најде и банкарот Хари Костов кој реагираше до јавноста. 

„Загрижува фактот дека слушањето на моите приватни и службени разговори е правено противзаконски и за сметка на нечии лични интереси. При тоа, не се работи за Хари Костов како физичко лице, туку и како претставник на деловна институција, која според законот располага со деловни тајни, а со чие прислушување некој ги злоупотребил за стекнување нелојална конкурентска предност или  за свои лични интереси“, вели Хари Костов од Комерцијална банка.

Во аферата „Таргет“ СЈО осомничи десет вработени во УБК кои прислушувале  околу 4300 лица во периодот од 2008 до 2015 година без судска наредба. Во три системи за следење на комуникациите во сопственост на УБК осомничените сами внесувале броеви кои биле „таргети“ на прислушувањето, па дури и сами ги слушале снимените разговори. 


Можеби ќе ве интересира

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

„ПО ВТОР ПАТ СТАНУВАМ СРЕЌЕН СВЕКОР“: Љупчо Бујото доби уште една снаа

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЈАНКУЛОВСКА СЕ ПОДГОТВИ ЗА ВЕЛИГДЕН: Ги покажа велигденските јајца но и тортата што ја направила

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин