01 Мај, 2024
0.0263

Блажев: Има граѓани што продале имот, или штеделе пензии за да им бидат на едно место, и потоа парите им пропаднаа

Објавено во: Финансии 13 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Оштетените штедачи од Еуростандард банка очекуваат сите партии да го поддржат предлог-законот за обесштетување, за кој велат дека треба  да ја исправи неправдата нанесена на штедачите, правни и физички лица.

Драган Блажев во отвореното Студио 10 на ТВ24 рече дека со пропаѓањето на банката најмногу изгубиле граѓаните кои со години штеделе и сега остануваат без своите пари. Дополнително удар им е зададен и на фирмите.

„Не се само депозитите, иако има и такви. Има и граѓани што работат со банката. На пример, а има и доста такви случаи, некој продал имот, а сумата што ја зел, мора да оди преку банка. Тој граѓанин ја користел Еуростандард банка, со неа работел, и парите се пренесени на трансакциска сметка во Еуростандард банка. Тоа значи дека овие граѓани не ни добиле никакви камати, туку едноставно луѓето работеле со таа банка и сега парите на трансакциската сметка им се заробени и сето тоа сега ќе оди во стечајната маса. Значи, тој граѓанин продал имот за да купи нешто друго или да направи нешто друго, а сега нема ниту имот, ниту пари“, појасни Блажев. 

Или, луѓе штеделе на пример пензии. 

„Има еден таков случај. Граѓанинот се пензиониорал, еден месец пред да пропадне банката ги става парите во банката, за да бидат парите на едно место и да знае неговото семејство каде се парите, тоа да биде на едно место, за не дај боже, за сигурност, а сега ги губат сите пари“, рече Блажев.

Според него, не се проблем само физичките лица, туку голем е проблемот и со фирмите. 

„За фирмите нема никакво обештетување. А фирмите работат по закон, кој го донела државата, и според него, мора да работат пртеку банка, односно сите трансакции, депозити, се оди преку банка. А тука има 2.000 фирми. Значи, 2.000 фирми во ова време на пандемија, се оставени без никакви пари. Немаат никаква ликвидност, им се заканува затворање, а нивните вработени не можат да земат плата и можат да останат без работа. И позади нив стојат семејства. Има такви случаи. Значи, во време на пандемија, фирмите се оставени буквално без никаква заштита. Ова е апел, да се размисли што да се прави со овие фирми, кои се навистина во една многу тешка состојба“, рече овој штедач.

Тој нагласи и дека околу 60 проценти од кредитното портфолио на банката е ризично.

„Тоа се пари давани на ткн. ненаплатливи или тешко наплатливи кредити, кои се познати како нефункционални кредити. Може да замислите, во нашиот банкарски систем, просечното ниво на нефункционални кредити, кај сите банки е 4,7 отсто, а овде се 60 отсто, или изразено во бројки, тоа е 60 милиони евра“, рече Блажев.

Можеби ќе ве интересира

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?