26 Април, 2024
0.0284

Блокирани се една третина од фирмите во државата!

Објавено во: Финансии 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Продлабочувањето на кризата, проблемите со ликвидноста и отежнатиот пристап до свеж капитал во годината што измина ја влошија финансиската кондиција на компаниите. Проблем беа и долговите на државата кон стопанството чија отплата посериозно почна дури кон крајот на годината. Владата вчера соопшти дека се отплатени 72 милиони евра. Годинава почна со речиси 147 000 блокирани сметки. Трендот на пораст на блокади на фирми и на граѓани од ланската се прелеа и во оваа 2013 та година. Во јануари бројот на блокирани жиро сметки на  фирми изнесува 60 563 додека бројот на блокирани сметки на граѓани достигна 86 292. Само за еден месец од декември до јануари бројката на блокади се зголемила за 1 050 новоблокирани жиро сметки. Анализата укажува на тоа дека се влошува финансиската кондиција на граѓаните за редовна отплата на долговите, додека мало подобрување на позицијата е забележано кај фирмите. Така, само за еден месец бројката на блокирани сметки на граѓаните се зголемила за 2 457. Кај приватниот сектор пак има намалување на блокадите за 952. Јануари, број на блокирани сметки Приватен сектор            60 563 Граѓани                              86 292 Вкупно                            146 855 Продлабочувањето на кризата, проблемите со ликвидноста и отежнатиот пристап до свеж капитал во годината што измина ја влошија финансиската кондиција на компаниите. Проблем беа и долговите на државата кон стопанството чија отплата посериозно почна дури кон крајот на годината. Дел од нив, соочени со сериозни проблеми влегуваат во нови кедитни задолжувања за да можат да ги репрограмираат веќе постоечките кредити. Според податоците на Народната Банка, во јануари компаниите располагале со 193 836 жиро сметки. Блокадата на 60 563 укажува дека повеќе од една третина од постоечки сметки се соочиле со блокада. Сличен тренд беше регистриран и кај граѓаните. Ослабената финансиска кондиција влијаеше врз навремено подмирување на ратите во банките, обврските кон државата и сметките кон јавните претпријатија. Од јануари лани, до јануари годинава бројот на блокирани сметки по основ на извршни судски решенија се зголемил за скоро 27 илјади или за нешто повеќе од 22 отсто. Според последните расположливи податоци за месец декември, граѓаните располагаат со 3 милиони и 323 илјади жиро сметки. Официјалните податоци укажуваат дека моментов се блокирани 40 000 компании и речиси 31 000 граѓани. Блокирани се и општини Но, не само граѓаните и компаниите, под финасиска блокада се дел и од општините. Само пред неколку дена Коце Трајановски, претседателот на ЗЕЛС и актуелен градоначалник на Скопје изјави дека 16 локални самоуправи  во земјава се со блокирани сметки поради кумулирани долгови по различни основи. По Тетово, Арачиново, Демир Хисар, Богданци, Чашка, Крива Паланка и други, сериозни финасиски проблеми пријавиле и Врапчиште и општина Зелениково. Она што ќе биде проблематично за овие општини е прашањето како ќе ги финасираат претстојните локални избори со празни каси и блокирани сметки. Д.А.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат