Блокирано Собрание: Годинава само 15-минутна пленарна седница
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2023
Од почетокот на годинава во Собранието се одржани само неколку расправи во собраниските комисии и 15-минутна пленарна седница. До крајот на месецот, на дневен ред на Собранието се и пленарна седница и седница за пратенички прашања, која вообичаено се одржува последниот четврток во месецот.
Статистиката на Собранието покажува дека лани пратениците работеле само 88 дена, каде одржале 39 нови седници и 50 продолженија на седниците од претходната година.
Собранието лани функционираше со делумна блокада од опозицијата. Изборот на уставни судии останува блокиран и поради оваа причина се избрани двајца судии од планираните тројца.
И по 17 месеци од подготовката на законските измени, со кои нападот врз новинарите треба да се смета за напад врз службеното лице, исто така останува блокиран во Собранието. Пратениците не дадоа објаснувања зошто не гласаат за истиот, ако јавно го поддржаа.
Законот за даночни реформи останува блокиран како дел од законите предвидени од „Отворен Балкан“.