15 Мај, 2024
0.0297

Блумберг предупредува: Лажни бројки на заразени случаи во Кина

Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Престижниот Блумберг синоќа објави дека Кина од каде почна ширењето на епидемијата, не ги покажала вистинските податоци ниту за бројот назаболени луѓе, ниту пак за бројот на смртните случаи, повикувајќи се ма извештај од  американските разузнавачи. Блумберг наведува дека овој извештај е топ сикрет, но обелоденува дека кинеските власти во јавноста не дале лажни и некомплетни податоци за состојбата со коронавирусот.

Ваквиот извештај на разузнавачките служби на САД, во текот на минатата недела стигнал и до официјален Вашингтон. Сомнежот се појавил, откако во близина на мртовечниците во провинцијата Хубеи имало многу повеќе урни со пепел, од официјалните бројки што ги прикажувале властите на Кина.

Една од водечките имунолози и член на координативното тело на Белата куќа за борба со коронавирусот, Дебора Брикс, синоќа изјави дека на овој начин се направиле и погрешни претпоставки за тоа како ќе се прошири коронавирусот во останатите делови од светот.

-Според тоа што сега се случува во Европа, односно во Италија и во Шпанија, информациите што беа дадено во јавнсот од страна на официјален Пекинг не биле комплетни, бидејќи податоците од Кина зборуваа за одреден степен на сериозност, но не и за толкава закана, изјави Брикс..

Истовремено, Блумберг наведува дека Кина не е единствена осомничена земја, зошто според наводите и други земји во светот прикриваат податици за состојбата со коронавирусот. Тие според изданието се Иран, Русија, Индонезија и посебно Северна Кореја, која до сега нема пријавено ниту еден случај на пациент кој би можел да биде инфициран со новиот коронавирус.


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува