17 Мај, 2024
0.0291

Бочварски: До крајот на март ќе се знае кој ќе вложи 350 милиони евра за гасификација

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, објави дека до крајот на првото тромесечие од годинава ќе се знае кој ќе биде приватниот оператор од јавно-приватното партнерство кој за 350 милиони евра ќе ја гасифицира Македонија.

Владата ќе одбира помеѓу турските компании „Акса Догалгас Дагити А.С.“ и „Палмет Енерџи Аноним Ширкети“ за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас низ Македонија, беше обелоденето во ноември лани по завршувањето на првата фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор 

- Знам дека повеќе општини работат, Крива Паланка има готова техничка документација, Битила и Прилеп работат на проектите, со сите кога ќе имаат готова документација ќе разговараме и тогаш ќе знаеме кои ќе бидат првите градови кои ќе бидат гасифицирани, изјави Бочварски во вестите на Сител.

Бочварски потврди дека приоритет ќе има онаа компанија која ќе ја даде најевтината понуда за приклучок до домаќинствата и останатите потрошувачи, а се очекува да инвестира околу 350 милиони евра


Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија