26 Април, 2024
0.0356

Богатите Американци со помалку донации лани: Бафет повторно најголемиот донатор во САД

Објавено во: Стил 08 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Во 2012 година 15-те најголеми добротворни организации на американските милијардери се привлечат повеќе средства за донаторски цели во споредба со претходната. Повеќе од половина од вкупната сума собрани пари ја дава само еден човек - Ворен Бафет, пишува CNBC. За минатата година богатите Американци донирале 5,1 милијарди долари на најголемите 15 добротворни фондови, покажуваат податоците на Chronicle of Philanthropy. Само Бафет донирал скоро три милијарди долари, што значи дека донациите на сите останати американски милјардери се 2,1 милијарди долари. Тоа е пад во споредба со 2011 година, кога донациите, без оние на Бафет, изнесуваа 2,6 милијарди долари. Како што пренесуваат американските медиуми, некои од најголемите донации кои објавени на крајот на годината и не е јасно дали се плод на добра волја, или обид да се спасат од плаќање на големи даноци. Еве кои се најголемите донатори во Америка за 2012 година и колку пари одвоиле за донаторски цели: 1.Ворен Бафет -3,09 милијарди долари во форма на акции кои ќе бидат распределени подеднакво меѓу три фондации, воден од неговите деца; 2.Марк Зукерберг - 498,8 милиони долари за фондацијата Silicon Valley Community која го поддржува здравството и образованието во Америка; 3.Пол Ален - 300 милиони долари, донирани за Allen Institute for Brain Science; 4.Мортимар Зукерман - 200 милиони долари, донирани на Mind Brain Behavior Initiative на Универзитетот Колумбија; 5.Фред Филдс - 150 милиони долари, донирани на фондацијата за поддршка на уметноста и образованието Oregon Fondation; 6.Карл Ајкан - 150 милиони долари за медицински истражувања во Mount Sinai School of Medicine

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти