БОЈМАЦАЛИЕВ: Најден е сторителот за разбиената пратеничка канцеларија на Миле Лефков
Објавено во: Македонија 22 Април, 2024
Заменик министерот за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев изјави дека е пронајден сторителот што ја оби пратеничката канцеларија на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно денеска пратеникот објави дека е обиена неговата пратеничка канцеларија за средби со граѓани во Кочани. Обраќајќи се до дополнителниот заменик-министер во МВР, Митко Бојмацалиев, Лефков праша дали неговото непотпишување на кадровските измени во ОВР Кочани било со цел, како што кажа, да се сее страв пред почетокот на изборите. Бојмацалиев попладнево во објава на Фејсбук информира дека е пронајден сторителот што обил во канцеларијата на пратеникот Лефков. Случајот е расчистен.