26 Април, 2024
0.0265

Боки 13 ниже хумани дела: Дејан заслужува работа и солидни примања

Објавено во: Стил 09 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Бојан Јовановски или човекот кој на јавноста и е познат како Боки 13 не престанува да ја покажува својата хумана страна.

Вчера на социјалната мрежа Фејсбук тој го кажа новото хумано дело кое го направил.

Боки 13 под фотографијата која ја објави пишува дека стварил средба со 22 годишниот Дејан Костовски кој заедно со својот неподвижен татко живееше во 9 квадратни метри без финансиски примиња.


Таткото на Дејан, веднаш по телевизиската сторија на 24 вести беше сместен во болничка установа, а исто така била платена и кирија за една година од страна на некоја госпоѓа за да може Дејан да замине од субстандардните услови во кои живеел.

Но, работата која му била ветена во една фирма за која можевте да слушнете на ТВ 24 не се случила.

Затоа, Боки 13 решил да реагира и уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело.

Тој пишува дека од 01.03.2017 Дејан ќе биде вработен со солидни примања какви што заслужува еден паметен, работо – способен и добро воспитан дечко за да може да си обезбеди подобра иднина за себе.

Ова е уште една лекција која Боки 13 ни ја одржа на сите нас а со хуманите постапки стана пример кој треба секој да го следи.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти