13 Мај, 2024
0.0313

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

Објавено во: Македонија 28 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Бојан Јовановски, осуден за аферата „Рекет“, но кој доби прекин во издржувањето на казната поради здравствени причини, денеска се појави во јавноста преку социјалната мрежа фејсбук, споделувајќи сосема обична работа, дека за него е незаменливо неделното утро во кое има сонце.

„Отсекогаш најмногу сум сакал недела, неделно утро и сонце, незаменливо и бесценето… радоста е навистина во малите нешта, убав ден на сите“, напиша Боки на фејсбук. 

Од фотографијата може да се види дека Боки 13 како и секогаш, е верен на својот стил, а тоа е да носи скапи и брендирани парчиња облека. Тоа го забележуваат во коментарите и неговите следбеници на социјалната мрежа фејсбук. 


Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 и еден од осудените во случајот Рекет и обвинет во предметот Меѓународен сојуз, на 19 април пред Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за повторување на постапката за случајот „Рекет“ и побара фер, а не брза судска постапка за случајот „Меѓународен сојуз“.

„Меѓународен сојуз е укинат и се надевам и барам само фер судска постапка. Јас моментално сум лице кое е правосилно осудено, но кое доби прекин на издржување на затворската казна поради здраствени причини. Не сакам мојот изглед да биде злоупотребен и јавноста да зборува дека не ми е ништо, туку за моето лошо здравје јас имам целосна документација. Имам индикации дека најверојатно ќе треба да се прави уште некоја интервенција и вакво нешто не посакувам никому“, рече Јовановски.

Во изјава која е прва откако тој доби прекин на издржувањето на затворска казна за случајот „Рекет“ поради здраствени причини, тој меѓудругото рече и дека случајот „Рекет“ не е расчистен, иако за него има правосилна судска пресуда.

Можеби ќе ве интересира

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

ДИК ОДЛУЧИ: Во Желино ќе има прегласување

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

АРСОВСКА ДО ЏАФЕРИ: Не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот!

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ЗАЕВ ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Непочитувањето носи одговорност, но и сериозни последици

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

СЕ ОГЛАСИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: „Ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори“

СЕ ОГЛАСИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: „Ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори“