26 Април, 2024
0.0295

Болните од ретки видови рак без терапија и без лекови на позитивна листа

Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Пациентите кои боледуваат од ретки видови рак немаат терапија а лековите за ретки малигни заболување не се наоѓаат на позитивната листа на лекови за која трошоците ги покрива Фондот за здравствено осигурување, ниту пак се обезбедуваат преку програмата за ретки болести на Министерствтото за здравство.

Не смее да се дозволи натаму луѓето да умираат или да бидат врзани за постела, во услови кога во светот постои терапија со која можат нормално да живеат или да го продолжат животот, алармираат денеска од Здружението на пациенти со ретки болести „Живот со предизвици“ и Алијансата на пациентски организации .

Тие упатија барање до надлежните овие лекови да бидат ставени на позитивната листa лекови или да се формира посебен фонд за набавка на лекови, како што беше случајот со другите ретки болести.

Весна Алексовска од здружението на пациенти „Живот со предизвици“ реагира дека токму овие пациенти се оставени самите на себе.

„Оставени се или сами да ја плаќаат скапата терапија, која во некои случаи чини илјадници евра или да не се лекуваат. Лекови не може да им се обезбедат преку програмата за ретки болести, бидејќи според законските решенија има ограничувачки фактор со кој за ретка болест се смета ако има помалку од 20 пациенти во целата земја. Во случајов листите на пациенти од ретки видови ракови се и со до 50 пациенти“, објаснува Алексовска.

Македонија по смртност од ра е на петто место во Европа.

Статистиката вели дека Пелагонискиот Регион починале најмногу луѓе од рак во 2014 година.

Овој регион ги опфаќа општините Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Прилеп, Ресен.

Статистиките на Светската здравствена организација покажаа дека секојдневно во Македонија од кој било вид рак заболуваат по 13 лица, а како последица од ракот умираат од 13 до 20 лица. Во оваа статистика не влегуваат децата, но за жал и тука бројката постојано расте.

Кај мажите најчест е ракот на белите дробови, а потоа на простатата и колоректалниот карцином, а на високо ниво е и бројката на абдоминалните видови рак. Кај жените најмногу се јавува ракот на дојка, па колоректалниот карцином, па ракот на белите дробови, на матката и на грлото на матката. 

По Пелагонискиот Регион, според стапката на морталитет, следуваат Скопскиот Регион, па Источниот (Берово, Делчево, Пехчево, Виница, Македонска Каменица, Штип, Кочани) и последен е Југоисточниот Регион (Гевгелија, Валандово, Радовиш, Струмица, Дојран).

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката