БОМБА ВО ТЕМЗА: Што се случува во Лондон?
Објавено во: Свет 12 Февруари, 2018
Лондонскиoт аеродром е затворен откако бомба од Втората светска војна е пронајдена во близина на реката Темза.
Аеродромот ќе биде затворен цел ден и сите летови се откажани, а тоа ќе има влијание врз 16.000 патници, изјави портпаролката на аеродромот.
Полицијата воспостави забранета зона од 214 метри, поради што лондонскиот Сити аеродром сега е затворен, стои во соопштението на аеродромот.
Бомбата е пронајдена за време на работата на кејот на реката Темза во близина на единствената писта на тој аеродром.
Аеродромот се наоѓа во источниот дел на Лондон, во близина на бизнис-областа Канари Ворф и од него се изведуваат кратки летови.
Се работи на деактивирање на бомбата.