Бонови за храна наместо пари за сиромашните Британци
Објавено во: Свет 27 Март, 2013
Британските власти соопштија дека од идната седмица сиромашните наместо пари ќе добиваат „бонови за храна“, ваучери за храна и други основни потреби, кои се дел од државните социјални реформи.
Оние Британци кои имаат имаат ниски приходи и примаат државна помош, од државата сега ќе добиваат платежни картици за храна, гас и струја. Дел од локалните власти пак ќе даваат еднократни исплати за помош за мебел и опрема за домаќинства.
Велика Британија има национален социјален фонд што дава помали итни кредити за сиромашните за да им се помогне да ги пребродат краткорочните кризи, но тој фонд набрзо ќе биде укинат.