БОРБА СО „БЕЛАТА ЧУМА“: Соседна земја ќе плаќа по 2.000 евра за секое новороденче
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2019
Соседна Грција со 2.000 евра за секое новороденче, ќе го стимулира наталитетот.
Владата на премиерот Кирјакос Мицотакис денеска ја одржа последната седница за 2019 година на која станало збор и за додатокот од 2.000 евра за секое новороденче, јави дописничката на МИА од Атина.
Од 1 јануари 2020 за секое родено бебе ќе се доделува додаток од 2.000 евра, а критериумот ќе биде годишниот приход на брачната двојка да е 70.000 евра.
Слични мерки презема и соседна Србија. Во градот Књажевац даваат станови за луѓето кои немаат покрив над глава, но има и парична помош за трето дете. Градовите и државите од регионот настојуваат да го зголемат своето население.
Албанските жени раѓаат за 50 проценти помалку од светскиот просек. Жните кои живеат во Албанија од година во година се откажуваат од мајчинството, драстично го намалуваат бројот на родени бебиња, пишува INSTAT.