Босанскиот микробиолог Бранко Рихтман доброволно ја прими оксфордската вакцина против Ковид-19
Објавено во: Балкан, Свет 26 Јули, 2020
Бранко Рихтман од
Босна, научник и микробиолог на Универзитетот Ворик во Англија е меѓу 1077-те доброволци
кои уште во раната фаза на вакцината против Ковид-19, која ја развиваат
експерти на на Универзитетот Оксфорд, ја
прими.
– Вакцината ја примив во рамото од левата рака, ме задржаа некое време за да проверат дали ќе добијам некои нуспојави. Сè беше нормално. После примената вакцина секоја недела сам си земам брис, односно правам ПСР тест и го испраќам на проверка. По 30 дена, три, шест и 12 месеци ќе ми земат повторно крв за да се проверат антителата.
Босанскиот научник вели дека се одлучил за овој чекор бидејќи верува дека нема да може светот да се врати во нормална состојба без вакцина.
-Според симптомите, најслична е со вакцината за пневмонија, а се карактеризира со слаба болка на местото на примање на убодот. Во поретки случаи освен болка, оток и црвенило на местото на примање на вакцината и болка во раката, може да се јави главоболка и малаксаност, како и покачување на телесната температура која се регулира со парацетамол. Овие симптоми секако, се разликуваат од случај до случај, појаснува Рихтман.