05 Мај, 2024
0.0235

Божикна шопинг манија: кои европски земји најмногу трошат за Божик?

Објавено во: Анализа 24 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Се троши и последниот денар. Ниту кризата, ниту беспарицата не се важни за еден од најголемите христијански празници –Католички Божиќ. Католичките верници го одбележуваат раѓањето Христово-Божиќ, со подароци, богата трпеза и литургија со звукот на оргулите. Според монсињор Антун Циримотиќ од скопската Католичка црква” Пресвето Срце Исусово “, овој празник не требна да биде само момент на трошење пари и цедење на и онака тенкиот буџет на граѓаните, туку мотив повеќе да се помисли и на оние кои немаат. А ги има многу: “Раѓањето на Светителот е еден од најголемите празници кај Католиците. Ден кога се слави љубовта,семејството и почитувањето. Она што е карактеристично е барањето прошка од ближниот, која за жал, во време на економски промени и трка по пари честопати се заборава. Прошката како симбол на јакнењето на хуманите вредности треба да биде мотив повеќе за секој верник, да се сврти кон ближниот, кон пријателот но и кон сиромавиот. Бидејќи денес и ониј кој има повеќе материјални богатства, нема сигурност без божјата воља, па треба да помисли и на оној кој нема. Тркалото на животот еден ден ги става луѓето горе, еден ден долу. Божиќната трпеза за католичкиот Божиќ е посна, но богата, за да укаже на постот како начин да се приближиме кон верата, на милосрдието, и кон отргнувањето од материјалните вредности пред духовните. Подароците како неизбежен дел од Божиќ, се симбол на радоста на најголемото богатство на човекот-децата. Затоа тие оправдано под елката ги очекуваат подароците. Но, подароци очекуваат и најсиромашните.Уште еднаш да потсетиме и за нив”-вели дон Антун Циримотиќ од скопската католичка црква. Бројот на католици во светот минатата година за првпат ја помина границата од 1,2 милијарди, но во Европа бележи опаѓање. Ова е објавено во ватиканскиот Статистички Годишник кој беше објавен лани. Според Годишникот во споредба од претходната година има повеќе католици за 1,5 %, односно пораст на бројот од 1,196 милијарди на 1,214 милијарди, додека населението во светот е зголемено за 1,23 %. Со тоа бројот на католици во светот, изнесува 17,5 проценти.Според Статистичкиот Годишник бројот на свештениците во светот пораснал за околу 5.000. Од 2011 година продолжи трендот, бројот на католици и свештеници да расте во Африка и Азија, додека во Европа и Северна Америка стагнира и се намалува. Бројот на епископи во Католичката црква останал скоро непроменет, околу 5.000. Посебно голем е порастот на католиците во Африка со 3,3 %, во Азија се зголемува со 2% повеќе отколку целокупното население. Продавачите задоволни од прометот за празниците Европјаните планираат да потрошат во просек по 450 евра за божиќните и новогодишните празници што е благо зголемување во однос на 2012-тата година. Некој повеќе, некој помалку, во зависност од длабочината на џебот, покажала и анкетата на агенцијата за истражување на јавното мислење Делоит. Според белгиските електронски медиуми, жителите на стариот континент за овие празници ќе потрошат за 0,7% повеќе пари од минатата година, што пак е прво зголемување од 2008мата година. Најголемо зголемување на расходите за празниците е забележано во северниот дел на Европа, а најмало во јужниот. Па така, Германците планираат оваа година да потрошат 6,7отсто повеќе пари за Божиќ, а Швајцарците за 3 отсто. Според испитувањата на потрошувачите и покрај кризата граѓаните се спремни да потрошат повеќе пари на слатки и подароци . И Французите не штедат ниту труд ниту евра. Во Франција и најскромниот Божиќ е незамислив без богата трпеза и шише шампањ. Седум од десет Французи и покрај економската криза се подготвуваат да потрошат 1,9% повеќе од и онака богатиот празничен буџет кои агенцијата за истражување на јавното мислење Делоит го проценува на околу 600 евра. Европски рекордери се Ирците Интересно е дека европски рекордери во потрошувачката за божиќните празниците се Ирците кои во просек трошат 943 евра на подароци и слатки. Зад петите им се и онака моќните граѓани на Луксембург кои трошат околу 923 евра за пораскошен Божиќ. Просечниот Украинец ќе потроши 18,3% повеќе од минатата година, Русинот за 11%, а Јужно африканците за 12,4%. Едно белгиско семејство во просек за Божиќ троши 503 евра, повеќе за 0,6% од лани. Од друга страна, поради економската криза и мерките за штедење во Европа, цените се одразуваат на куповната моќ на граѓаните и како и минатата година, поголемиот дел од граѓаните на ЕУ сметаат дека нивната куповна моќ слабее, посебно на жителите на земјите од Јужна Европа. Божиќна шопинг-манија во Германија! Економската криза не важи за Германците. Овој Божиќ во многу земји од Европа ќе биде поскромен, но не и во Германија.На Божиќ најмногу му се радуваат Германците кои оваа година најмногу ќе потрошат за божиќни подароци. Ќе го одврзат ќесето. Германските книжари тријат раце-книгите спаѓаат меѓу најомилените божиќни подароци. Оваа година е предвидено прометот да биде околу милијарда и 140 милиони евра. Според студијата на друштвото за истражување на потрошувачката ГФК просечниот Германец оваа година на божиќни подароци ќе потроши околу 288 евра, три евра повеќе од претходната година. Подароци кои и оваа година најмногу ќе се оставаат под божиќното дрво се книгите, играчки и облека. Сојузот на трговци на мало, од божиќниот шопинг на Германците очекува преку 80 милијарди евра, само во ноември и декември што е за 1,2 отсто повеќе од минатата година. Високата стапка на вработеност и добрата економска состојба ги ослободи Германците да го одврзат ќесето за божиќните празници. На празничната еуфорија се приклучуваат и Бугарите кои овој Божик ќе потрошат во просек по 100 до 200 евра по лице или 1, 7 милијарди евра на подароци и полнење на трпезата. Најмногу, скоро 35 % од вкупните приходи за декември ќе им одат на храна, облека и новогодишен пречек. Анализи прават и Хрватите кои ќе потрошат во просек по 140 евра по човек или 1, 9 милијарди евра. Местото во кое Божиќ трае 12 месеци во годината! Rothenburg ob der Tauber е германска божиќна метропола. Таму се наоѓа единствениот Божиќен музеј на светот и само овде може да се најдат божиќни украси и колачи преку целата година. Сместен во западниот дел на германската покраина Баварија, годишно привлекува околу 1,5 милиони посетители. Во него живеат 11 000 жители, и е еден од најдобро сочуваните средновековни градови на Германија. За Божиќ е преполн со посетители, но она што го издвојува е што во текот на целата година има дуќани кои се отворени за божиќни украси и подароци. Затоа за овој град велат дека Божиќ трае преку целата година, а привлекува најмногу туристи од Русија, Јапонија и Европа. Овде посетителите дознаваат дека обичајот за украсување на божиќната елка е стар 400 годиниа страсните купувачи можат да најдат од уникатни свеќници, до ангелчиња, книги, благи задоволства, украси. Во Музејот има богатство на збирка од божиќни пирамиди со човекова висина кои се стари повеќе од 200 години, направени од дрво кои потекнуваат од рудните планини на германската покраина Саска, од самото седиште на германската индустрија на божиќните украси од каде потекнуваат традиционалните производи. Во некои места кадешто било тешко да се стигне до божиќно дрво, користеле божиќна пирамида со свеќи на повеќе катови. Раст на прометот трговците во Европа очекуваат и по божиќните празници,бидејќи тогаш почнува сезоната на попусти и празнење на продавниците, но и на џебот. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад