26 Април, 2024
0.2295

Божиќни трикови во продавниците кои ве тераат да купувате уште и уште

Објавено во: Стил 03 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Психолог открива трикови со кои божиќната индустрија ни зема пари. 

Декември е. Време за празници, шопинг, подароци. Но, и за повеќето е критичен месец за семејниот буџет.

Божиќната индустрија измислила десетици трикови за да нè натера да трошиме уште и уште независно од финансиските нможности, категоричен е психологот, Николај Димитров. 

„Утврдено е дека црвената бројка со која е напишана цената на производот, ги тера мажите да мислат дека тоа е промоција"-раскажа Димитров. 

За мажот тоа би било јасен сигнал дека има сериозно намалување, додека жените не се лажат толку лесно, вели психологот. 

Трговците многу одамна работат со психолози, кои им помагаат да ги изработат своите божиќни „стапици“. 

„Утврдено е дека во големите хипермаркети подовите се навалени и таму се скапите цени. Без да чувствуваш, тие те водат кон скапи нешта"- раскажа психологот.

Другиот често користен трик бил на касите да се стават најмалите, но со најголема цена производи. Такви се гумите за џвакање, светилки, паста за заби и други. 

Музиката во продавниците исто така е меѓу замките. 

„Таа секогаш е весела, создава добро расположение и човек си вели: Па, ајде да си зема уште едно"- додава психологот.

Димитров е категоричен дека „стапиците“ на божиќната индустрија може да се избегнат со повеќе водење на сметки. Тој препорачува неколку трикови.

Еден од нив е човек да ги купува прво најевтините работи, затоа што ако почне од најскапите, секое следно ќе му се гледа поевтино и ќе купува повеќе.

Друг трик е да се направи едноставна сметка пред да се заминеме на пазар , колку пари имаме и колку подароци треба да купиме. Тогаш лесно ќе можеме да ги процениме правилно финансиските можности.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти