26 Април, 2024
0.0310

Божиќниот базар Подари Среќа ќе ја врати магијата и традицијата на купување новогодишни подароци на Улица Македонија

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Под покровителство на Град Скопје и во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“ и оваа година се подготвува интересна содржина за жителите на градот, по која ќе ја запомнат2016та година. Од 24ти декември  се отвора портата на Новогодишниот базар на улица „Македонија“ во Скопје. Базарот кој ќе трае 8 дена со себе ќе ја донесе новогодишната магија во главниот град.

Базарот покрај понудата на интересни подароци за претстојните празници ќе im понуди на граѓаните и богата музичка програма. За најмалите е подготвена детска програма, секој ден од 10.00 до 13.00 часот. Истата вклучувановогодишна парада, дефиле на Снежната кралица,другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточињаи Златно Славејче, многу детски игри,изведба на претставатана Брашко, дружба со Петко но и детско воодушевување преку изведбите на волшебниот настап на магионичарот Кристијан.

Музичката програмата вопопладневните часовизапочнувасо новогодишни after-workзабави и завршува во 22.00 часот со настапи на македонски изведувачи.  Настапитена Sarah Mace, ConTruDј, Back Door Band, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бендсе само дел од програмата. Улица Македонија овие денови ќе има целосна Божиќна атмосфераи преку сетовите на, Dj Brancez,Dj Dela, Dj Bobi и други.Како одличен додаток на претпразничната забава ќе бидат и грееното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна. За повеќе информациии детали во однос на програмата на Новогодишниот базар 2016 може да се посети и официјалниот настан на facebook.

https://www.facebook.com/events/158660207943898/

“Подари Среќа” ќе биде место каде сите ќе можат да купат интересни подароци и за најблиските и пријателите. На посетителите ќе им бидат достапни рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки,чоколада, и многу други производи. Секој кој ќе го посети базарот ќе може да купи и новогодишни хуманитарни честитки чии средства ќе се донираат во СОС Детско село, а при тоа ќе се присетат и на традицијата на испраќање на новогодишни честитки, за чија цел е “резервирано” поштенското сандаче на Македонски Пошти, лоцирано во Ристиќева Палата. Во склоп на програмата, оваа година традиционално ќе се одржии Дедомразовската трка на 25ти декември со почеток во 12.00 часот.

Божиќниот базар “Подари среќа” започнува во сабота на 24ти декември, со почеток во 10:00 часот и трае се до 31ви декември, па за таа цел градоначалникот на  Град Скопје, Коце Трајановски, ги повикува сите граѓани да уживаат во програмата.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“