30 Април, 2024
0.0249

Бразил: меѓу протестите и фудбалот!

Објавено во: Анализа 25 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Една година пред почетокот на светското првенство во фудбал Бразил го мачат многу поголеми проблеми од неговата организација. Повод за големите протести е токму организирањето на светското првенство и големите трошоци за неговото одржување. Сепак Бразил е економија која постојано напредува и интересно можеби е добро што протестите се случуваат токму сега.

Голем дел од оние кои протестираат се вработени и заминуваат на протест по завршувањето на работното време. Претседателката на Бразил Дилма Русеф веќе започна да одговара на барањата на протестаните и е ангажирана во потикнување на отворена дебата за проблемите со кои се соочува земјата. Протестите може да се покажат како позитивни, бидејќи би било добро барањата да бидат задоволени и елитите да сфатат дека сепак народот треба да го има главниот збор.

Во меѓувреме продолжуваат активностите за организација на светското првенство. И ова како и претходното се одржува во една земја која не е развиена по западни стандарди. Поучени од искуството во Јужна Африка, ФИФА реши да пушти во оптек билети од 15 долари кои се убедливо најефтини за ова престоечко СП. За разлика од минатото првенство најефтините билети се пониски за пет долари. Никој не сака да се повтори сликата од пред четири години кога многу мал број домашни навивачи можеа да присутвуваат на мечевите. Сепак овие билети не се достапни за сите, туку само за одредени категории од населението и тоа студенти, луѓе над 60 години и оние кои примаат социјална помош. За сите останати домашни или странски фанови, цената ќе започне од 90 долари па нагоре. И покрај големата љубов за фудбалот посетеноста на стадионите во Бразил во последните години многу паѓа. Цените на билетите растат и не може секој да си дозволи редовна посета на стадионите. Фудбалот веќе одамна не се игра само од љубов. Од Бразил доаѓаат бисерите за кои се тепа секој европски клуб. Последен е секако Нејмар кој иако има само 21 година веќе е меѓунајбогатите фудбалери на планетата. Нејмар иако заработуваше милиони и во неговиот Сантос, сепак се реши да замине за Барселона каде иднината е многу посветла. Значи Бразилците имаа можност да го гледаат неколку години дома и тоа мораше да биде платено. Сепак просечната посетеност на нивната лига изнесува 15.000 посетители. Во минатото 10% од населенито одело барем на еден фудбалски меч, денеска тоа е минато. Бразил бара начин како да ги врати гледачите на трибините и се надеваат дека ова СП ќе успее да ја врати навиката за одење на фудбал. Инаку најпосетени лиги во светот се Англиската и Германската, при што Германската е најгледана и најниските билети за мечевите во бундес лигата изнесуваат околу 15 евра. Редакција Фактор